Белорусите им пркосеа на сите, но веќе се јавуваат и првите проблеми

Додека поголемиот дел од Европа е во состојба на паника поради пандемијата на коронавирусот, во Белорусија животот тече сосема нормално. Нема рестриктивни мерки, иако здравствениот систем работи под полна пареа во обидот за лоцирање на сите заразени од вирусот Ковид-19.

Па, и фудбалот во Белорусија си продолжи во ист ритам, како единствен фудбалски шампионат во Европа кој и натаму се игра – и тоа пред навивачи. Но, се чини, веќе се појавија првите проблеми.

Навивачите на пооделни клубови сакаат првенството да запре, се разбира поради епидемиолошката ситуација и стравот од брзо ширење на вирусот на трибините. Се започнаа навивачите на Шахтјор Солигорск, а им се приклучија и фановите на Неман Гродно.

Навивачите во Белорусија пред стадионите добиваат заштитни маски на стадионите, а добиваат и антисептички гел за раце. Во првенството досега се одиграни две кола.

Се вчитува...