Белоруската атлетичарка Кристина Чимановскаја, која пред две години ги одби наредбите предвреме да се врати од Олимписките игри во таа земја, ќе настапува за Полска.
Нејзиниот профил на веб-страницата на Светската атлетика беше ажуриран со напомена дека ден претходно се стекнала со право да настапува за Полска. Така таа добила дозвола да ја промени државата една година порано од вообичаено.
Се уште не се знае дали 26-годишната спринтерка ќе настапи на претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Будимпешта од 19. до 27. август.
Во 2021 година белоруските тренери се обидоа да ја вратат Чимановскаја дома, откако таа ги критикуваше затоа што сакале да ја пријават за штафетата 4х400 метри, иако таа никогаш не се натпреварувала во таа дисциплина.
Нејзе и беше забрането да се натпреварува на нејзината омилена трка, на 200 метри, а таа рече дека лидерите на белорускиот тим се обиделе да ја натераат да се качи на летот пред да интервенира јапонската полиција.
Чимановскаја тогаш истакна дека се плаши од одмазда доколку се врати во Белорусија, поради што побегна во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА