Раководството на одбојкарскиот клуб Вардар со сериозни амбиции влегува во новата сезона, преговарајќи со квалитетни засилувања со кои „црвено-црните“ планираат да учествуваат и во европските купови. Прво засилување на ОК Вардар се очекува да биде белоруската интернационалка Дарија Аврамчик, 20-годишна убавица која се наоѓа во завршна фаза од преговорите за да го комплетира трансферот во редовите на „црвено-црните“.
Иако станува збор за млада одбојкарка, таа веќе има неколку меѓународни ангажмани, носејќи го дресот на Спортинг од Париз и на словачкиот клуб Списка. „Вардарци“ во неа гледаат идеално засилување не само за борбата за тронот во мак-одбојката, туку и за достојно претставување во Европа.
„За нас нема дилеми, сакаме да бидеме прв женски клуб што по долго време ќе игра во европските одбојкарски купови. Бевме првопласирани до моментот на прекин на минатата сезона, а сега сакаме уште повеќе да се засилиме. Аврамчик е првото засилување со кое сме многу блиску до потпис, а потоа ќе се насочиме и кон некои други одбојкарки кои ќе донесат дополнителен квалитет во нашата игра“, истакнуваат од ОК Вардар за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА