Андреа Белоти по завршувањето на оваа сезона ќе биде слободен агент, бидејќи ја одби и последната понуда од Торино за продолжување на договорот.
Голгетерот сака нов предизвик во кариерата и неговата желба е да се пресели во Милан. Раководството на „росонерите“ е во контакт со менаџерскиот тим на Белоти.
Претседателот на Торино, Урбано Каиро е разочаран од фактот што Белоти не сака да остане во тимот иако му понудил голем договор.
Интересно е тоа што токму Милан испрати понуда за Белоти во летото 2017 година од 60 милиони евра, но тогаш Каиро ги одби парите и бараше повеќе од 80 милиони евра. Четири години подоцна, тимот од „Сан Сиро“ ќе го добие голгетерот бесплатно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА