Белоти и дефинитивно го напушта Торино: Како слободен агент се сели во Милано

Андреа Белоти по завршувањето на оваа сезона ќе биде слободен агент, бидејќи ја одби и последната понуда од Торино за продолжување на договорот.

Голгетерот сака нов предизвик во кариерата и неговата желба е да се пресели во Милан. Раководството на „росонерите“ е во контакт со менаџерскиот тим на Белоти.

Претседателот на Торино, Урбано Каиро е разочаран од фактот што Белоти не сака да остане во тимот иако му понудил голем договор.

Интересно е тоа што токму Милан испрати понуда за Белоти во летото 2017 година од 60 милиони евра, но тогаш Каиро ги одби парите и бараше повеќе од 80 милиони евра. Четири години подоцна, тимот од „Сан Сиро“ ќе го добие голгетерот бесплатно.

Се вчитува...