Фудбалот е магична игра, и никогаш не знаете кој клуб ќе го освои вашето срце. Синот на Леонардо Бонучи, малиот Матео, уште додека тој играше за Јувентус, навиваше за градскиот ривал Торино, а негов омилен играч е Андреа Белоти. Тој недраго се појави и на шампионската прослава на Јувентус, а потоа бараше од својот татко да го носи на мечевите на Торино.
Сега Леонардо Бонучи е член на Милан, а по денешниот натпревар против Торино на „Сан Сиро“, Андреа Белоти дојде на трибините и му го подари својот дрес на најверниот фан – Матео, синот на Бонучи. Всушност, неговиот повозрасен брат, Лоренцо, го прими дресот на трибините, за да му го даде на малиот Матео. За возврат и доби шал од Милан од момчето.
Che dolcezza ??#bonucci #belotti #ilgallo #unamoreinfinito #acmilan #TorinoFC #serieAtim pic.twitter.com/BCH8Bj0xsg
— Caroletta93 (@caroletta13) November 26, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА