Фиорентина се искачи на петтото место на калчолигашката табела откако „виолетовите“ по голема борба славеа на домашен терен против Верона со 1-0.
Херој во првото полувреме беше голманот Терачано, кој по само неколку минути игра го запре пеналот на гостинскиот фудбалер Ѓуриќ. Казната стигна во вториот дел, кога Белтран се снајде најдобро и успеа да го матира гостинскиот голман за огромни три бода за „виолетовите“.
Удинезе ремизираше 2-2 со Сасуоло, исход од кој дефинитивно позадоволни ќе бидат гостите, кои успеаја да се вратат од негатива од 2-0 и да избегнат пораз. Домашниот тим водеше со 2-0 преку Лука и Переира, но тогаш остана со играчпомалку по исклучувањето на Пајеро. Сасуло доби и два пенала со играч повеќе, што Берарди ги претвори во погодоци за конечните 2-2 на овој тензичен дуел на „Фриули“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА