После Димитар Трајков, екипата на Работнички во обидот да излезе од кризата и од опасната зона, ги засили своите редови со Белул Елмазоски. Тој игра на позицијата крилен напаѓач, а негов последен клуб беше Шкупи.
Елмазоски има 21 година, роден е во Италија, и минал низ различни академии во земјата. Бил дел и од неколку италијански нисколигаши пред јануари 2025 година да дојде во Македонија и да потпише за чаирскиот тим. Неговото потекло е од Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

