Хатем Бен Арфа лани имаше извонредна сезона во дресот на Ница, со што си обезбеди трансфер во ПСЖ. Сепак, поранешниот фудбалер на Њукасл се соочи со огромни проблеми кај тренерот Унаи Емери, од кого воопшто не добива шанса во стартниот тим на „светците“, па не е никакво изненадување што Бен Арфа веќе почна да ги разгледува останатите опции за продолжување на својата кариера.
„Кога дојдов во Париз знаев дека нема да ми биде лесно, дека тоа е голем клуб, но сепак се надевав дека ќе ми биде дадена шанса и јас да ги покажам своите квалитети. Нормално е да не бидам задоволен од улогата во тимот, јас сум борец, сакам секогаш да играм и затоа не ми е лесно додека ја греам клупата. Ако добиев шанса и не играв добро, ќе разбрев, но тоа не е случај. Најверојатно најдобро за сите ќе биде да си заминам доколку ситуацијата не се промени во следниот период“ – изјави Бен Арфа за француските медиуми.
Олимпик Марсеј е заинтересиран за овој фудбалер, исто како и Валенсија, а понуда за Бен Арфа веќе подготвуваат и челниците на Рома и на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА