Американскиот тенисер Бен Шелтон ја освои својата прва Мастерс титула во кариерата победувајќи на АТП турнирот во Торонто.
Во финалето во Торонто, Шелтон го совлада Карен Хачанов во три сета, со 6-7, 6-4, 7-6, на тој начин освојувајќи го својот вкупно трет трофеј, но прв Мастерс, и стана прв Американец кој триумфирал во Торонто по Енди Родик во 2003 година.
Со оваа победа Шелтон го помина Новак Ѓоковиќ на АТП листата и застана на шестата позиција. И Хачанов профитираше од овој турнир бидејќи со пласманот во финалето освои 400 бода и скокна четири позиции на АТП листата, па сега се наоѓа на 12. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА