Американскиот тенисер Бен Шелтон се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен 2025.
Тој по голема борба и речиси четири часа натпревар славеше против Италијанецот Лоренцо Сонего во четири сета, со 6-4, 7-5, 4-6 и 7-6.
Младиот тенисер, на тој начин, го израмни најдобриот резултат на грандслем турнирите откако пред две години успеа да дојде до полуфинале на УС Опен, каде загуби тогаш од Новак Ѓоковиќ.
Шелтон во полуфиналето во Мелбурн ќе игра против подобриот од последната полуфинална пресметка меѓу Синер и Де Минор. Во првото полуфинале, веќе познато, ќе играат Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.
Never a bad time for a quick pump, @benshelton.#AO2025 pic.twitter.com/LJ25CdKlXu
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 22, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

