Бен Симонс останува во Филаделфија

Филаделфија му нуди на Бен Симонс максимално продолжување на договорот на пет години вредно 170 милиони долари. Според последните инфромации, агентот на Симонс и клубот ги финализираат завршните детали од договорот.

Симонс кој ќе полни 23 години на крајот од овој месец првпат минатата сезона влезе во Ол-стар тимот, а имаше просек од 16,6 поени, 8,8 скока и 7,7 асистеници во 79-те натпревари како стартер за Филаделфија.

Австралиецот беше прв пик на НБА драфтот во 2016 година, а го доби и признанието за најдобар дебитант во Лигата во сезоната 2017/18.

 

Се вчитува...