Бенајун на 39 години става крај на кариерата

Поранешниот фудбалер на Челси, Ливерпул и Арсенал, Јоси Бенајун одлучи да стави крај на својата кариера во 39-та година од животот.

Бенајун преку социјалните мрежи денеска објави дека завршува со активното играње, пензионирајќи се од Беитар Ерусалим, кој е негов последен клуб.

Кариерата ја почна во Хапоел Бер Шева, играше и за Макаби Хаифа и Расинг Сантандер, но најголемите постигнувања ги имаше во Премиер лигата во Англија во периодот од 2005 до 2014 година кога настапуваше за Вест Хем, Ливерпул, Челси, Арсенал и КПР.

Бенајун е рекордер во дресот на репрезентацијата на Израел со 102 натпревари.

Се вчитува...