Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер вчера го стави потписот на новиот договор, со кој ќе треба да заработува околу 3 милиони евра повеќе на годишно ниво. Раководството на „росонерите“ истакна задоволство од настапите на играчот од средниот ред, и го награди со нова соработка до 2027 година.
„Миклан е среќен што успеа да постигне договор за продолжување на соработката со Исмаел Бенасер до 2027 година“, стои во соопштението.
Бенасер дојде на „Сан Сиро“ во 2019 година, и веќе собра 129 настапи за клубот.
Следен на „менито“ за продолжување на договорот е ветеранот Оливие Жиру. Тој веројатно ќе продолжи до 2024 година со Милан. Сепак, приорирет за италијанскиот шампион е продолжување со Рафаел Леао. Со него потписот ќе оди малку потешко, со оглед дека веќе има интерес од европските гиганти за неговиот потпис. Меѓутоа во таборот на Милан се убедени дека ќе успеат да го задржат Португалецот уште долго во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА