Новиот италијански прволигаш Беневенто на очаен начин ја стартуваше својата епизода во елитниот шампионат. Овој тим синоќа загуби и од Верона на гости со 1-0, и со тоа израмни негативен рекорд на Венеција стар повеќе од половина век.
Имено, Беневенто има осум порази од исто толку мечеви во Серија А, а тоа последен пат им се случило на фудбалерите на Венеција во далечната сезона 1949/50. Во следното коло, Беневенто на домашен терен ја пречекува Фиорентина која важи за голем фаворит, па можно е негативната серија и да продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА