Бенфика го потврди големиот трансфер: Постигнат е договор со Ливерпул за Дарвин Нуњез (ФОТО)

Веќе почнаа да пристигнуваат и официјалните потврди за рекордниот трансфер на Ливерпул, па повеќе нема никакви дилеми,  откако Бенфика излезе со соопштение дека Дарвин Нуњез оди на „Енфилд“.

Челниците на Бенфика официјализираа дека е постигнат договор со Ливерпул за трансфер на Дарвин .

„Црвените“ ќе платат 75 милиони евра, полус бонуси, вкупната сума треба да стигне до 100 милиони евра. Денеска се закажани медицинските тестови на Нуњез по кои тој ќе стави потпис на договор до 2028 година.

 

Се вчитува...