Борко Ристовски во следната сезона ќе го носи дресот на протугалска Бенфика. Македонскиот голман кој во изминатите две сезони беше на голот на Барселона, со Бенфика потпиша двегодишен договор со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона.
На денешната промоција во Лисабон, Ристовски истакна дека ја одбрал Бенфика поради амбициониот проект и професионалниот пристап во клубот во кој прва цел е освојување на шампионската титула и преземање на приматот од градксиот ривал Спортинг.
„Јас сум овде за да му помогнам на тимот да освои што повеќе титули. Тоа е една до причините зошто дојдов во Бенфика. Дојдов да се борам да дадам максимум. Верувам дека приклучувањето во проектот на Бенфика ќе биде одлично. Дојдов овде затоа што ми се допадна презентираниот проект, има иднина и верувам дека заедно ќе освоиме многу титули. Ако не верував дека Бенфика може да биде шампион, немаше да бидам овде“ – истакна Борко Ристовски на официјалчната прес-конференција.
Македонскиот голман кој зад себе има големо искуство и богата клупска кариера во најсилните лиги во светот и клубови од калибарот на Барселона и на Рајн Некар Левен, ги изнесе и позитивните впечатоци од својот нов клуб.
„Првите впечатоци се дека доаѓам во голем клуб, кој што има се и се е организирано на највисоко ниво. На играчот останува да се фокусира само на играњето и на тимот. Лисабон е прекрасен град“
Потпретседателот на Бенфика, Домингос Алмеида Лима, нагласи дека Бенфика направила голема работа ангажирајќи еден од најдобрите европски голмани.
„Засилувањето на ракометниот тим е дел од нашиот проект. Добивме спиортист кој е познат во светот, на многу важно место во тимот. Голамнот е фундаментален во тимските спортови. Тоа е обидиот што го направи Бенфика да донесе играч од Барселона. Целта е да победуваме и да го имаме главниот збор во шампионатот. Сакам да го поздравам Борко Ристовски и се надевам дека тој ќе биде среќен во Бенфика како што сме ние среќни со неговото доаѓање“ – истакна Домингос Алмеида Лима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА