Бенфика го врати Жорге Жесус на клупата

Португалскиот клуб Бенфика одлучи да го врати тренерот Жорге Жесус на клупата по пауза од пет години. Тој потпиша тригодишен договор и ќе заработува три милиони евра по сезона. Интересно е дека Жорге Жесус своевремено беше прогласен за предавник од фановите на Бенфика затоа што се пресели во таборот на градскиот ривал Спортинг Лисабон. Но, очигледно дека недоразбирањата се надминати.

Жорге Жесус имаше големи успеси во својот прв мандат на клупата на гигантот од Лисабон и од 2009 до 2015 освои три шампионски титули во португалскиот шампионат. Потоа прејде во градскиот ривал Спортинг, го водеше и Ал Хилал, а минатата сезона беше на кормилото на бразилскиот клуб Фламенго со кој стана шампион на Бразил и стигна до трофејот во Копа Либертадорес.

 

 

Се вчитува...