Бенфика на Талески го преслуша и ГОГ во ЕХФ Европската лига

Екипата на Бенфика продолжува со одличните настапи во ЕХФ Европската лига откако португалскиот тим вечерва славеше во првиот осминафинален дуел против ГОГ Гудме со резултат 33-31. Тимот на нашиот Филип Талески беше беспрекорен во нападот, знаеше да ги искористи грешки на противникот и заслужено стигна до предност пред реваншот во Данска.

Бенфика го контролираше резултатот на одмор заминувајќи со 17-15, но ГОГ подобро го почна вториот дел и имаше 21-23, потоа и 24-26. Португалците во вистински момент се разбудија, го свртеа резултатот во своја полза и стигнаа до победата. Талески не се запиша меѓу стрелците на овој натпревар, на кој Изкиердо со седум гола ја предводеше Бенфика, додека Тилстед со осум погодоци беше прв стрелец на ГОГ Гудме.

На останатите натпревари од денешната програма, Гумерсбах го доби германското дерби против Мелсунген со 29-26, швајцарски Криенс славеше над Лимож со 36-29, додека Порто пред своите гледачи го совлада Тулуз со резултат 35-28.

Се вчитува...