Бенфика не толерира расизам – Казнети петмина

Фудбалскиот клуб Бенфика објави дека идентификувал и казнил петмина навивачи кои расистички го навредиле играчот на Реал, Винисиус Жуниор.

Бурниот натпревар одигран на 17 февруари на „Да Луж“ конечно има епилог во однос на санкциите за сите оние кои го навредиле Бразилецот на Реал на расистичка основа.

Во петокот, клубот од Лисабон издаде соопштение во кое ја информира јавноста дека на петмината навивачи им се одземени годишните билети и дека нема да можат да присуствуваат на натпреварите на клубот до понатамошно известување.

Како што е наведено, само подоцнежна истрага ќе утврди дали петмината споменати ќе ги сносат најтешките последици, како што е доживотна забрана за пристап до трибините.

Како што е наведено во соопштението, овие постапки се резултат на внатрешна истрага започната по натпреварот на 17 февруари и несоодветно однесување на трибините, од расистичка природа, некомпатибилно со вредностите и принципите што го регулираат клубот.

Да потсетиме, немирите се случија веднаш по голот на Винисиус и неговиот танц околу знамето од корнерот, што навивачите на Бенфика го сфатија како провокација и возвратија со навреди.

Недолго потоа, се случи момент кој сè уште е под истрага на УЕФА, кога фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, наводно расистички го навредил Винисиус.

УЕФА го суспендираше Аргентинецот за реваншот со Реал, но конечната казна сè уште се чека, која би можела да биде многу потешка за играчот на лисабонскиот тим, доколку се утврди дека навистина расистички го навредил Бразилецот.

Се вчитува...