Бенфика се обиде да го доведе Мурињо, но доби „корпа“

Португалскиот гигант Бенфика му понуди на Жозе Мурињо да седне на клупата на овој тим, откако клубот ја раскина соработката со досегашниот стратег Руи Виторија. Сепак, еминентниот тренер се заблагодари на понудата истакнувајќи дека засега нема намера да се враќа да работи во Португалија. Мурињо по разделбата со Манчестер Јунајтед најави дека ќе одмори до крајот на сезоната, а потоа ќе размислува за нови предизвици во фудбалот.

„Специјалниот“ својата кариера како самостоен тренер ја почна токму во Бенфика во 2000 година. Беше на кормилото на тимот на единаесет натпревари, откако од клубот си замина Јуп Хејнкес. Но, потоа замина од Лисабон, и се нафати на предизвикот во Униао Леирија. Во 2002 година седна на клупата на големиот ривал Порто, со кој и се вивна во европскиот фудбал. Следеа Интер, Челси, Реал Мадрид, повторно Челси, и Манчестер Јунајтед, како следни станици во неговата богата тренерска кариера.

Се вчитува...