Португалска Бенфика се уплаши од еуфоријата која завладеа меѓу навивачите на клубот, па веднаш демантираше дека доаѓа уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, на кого му заврши договорот со ПСЖ.
Дел од медиумите веќе објавија и дека семејството на Кавани ги посетило клупските простории и еден од натпреварите на тимот во португалското првенство. Сето тоа ја натера Бенфика да се огласи по ова прашање.
„Бенфика ги отфрла сите медиумски пишувања кои поврзуваа разни фудбалери со нашиот клуб и кои немаат реална основа. Оваа вест е целосно неточна. Моментално сме фокусирани на финалето од Купот на Португалија“ – соопштија од клубот.
Кавани изминативе седум години беше дел од ПСЖ понесувајќи ја и титулата најдобар стрелец на клубот на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА