Бенфика во осминафиналето од Лигата на Шампионите ја очекува двомеч против фаворизираната Барселона, а за средбата во Лисабон која е закажана за во среда со 21 часот ќе биде и сериозно ослабена.
Дел од средбата нема да биде преискусниот Аргентинец, Анхел ди Марија кој ќе го пропушти првиот натпревар од двомечот поради повреда на бутниот мускул.
Ди Марија оваа сезона настапи на 32 натпревари во сите конкуренции постигнувајќи 14 голови и осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

