Бенфика со две засилувања во еден ден

БЕнфика продолжува со активностите на фудбалската берза откако португалскиот гигант денеска комплетираше два трансфера, играчи кои се очекува да бидат стандардни првотимци во новата сезона.

Артуро Кабрал е нов напаѓач на Бенфика откако денеска потпиша петгодишен договор со тимот од Лисабон. Бразилецот кој до пред неколку сезони блескаше за Базел не се снајде најдобро во Фиорентина, каде постигна 17 гола на вкупно 48 натпревари за „виолетовите“. Двата клуба преговараа десетина дена, за на крајот да биде постигнат целосен договор – Фиорентина ќе има загарантирани 20 милиони евра, плус пет милиони доколку се исполнат неколку клаузули од договорот. Кабрал ќе го заземе местото во нападот на Гонсало Рамос, кој замина на позајмица во ПСЖ.

Покрај Кабрал, нов член на Бенфика е и Анатолиј Трубин, 22-годишниот голман кој пристигна од редовите на Шахтјор Доњецк. Украинецот беше голема желба и на Интер, но Португалците успеаја да излезат како победници од оваа трка откако понудија 10 милиони евра за неговиот трансфер, па Трубин исто како и Кабрал, потпиша договор до 2028 година, со клаузула за раскин во висина од 100 милиони евра.

Се вчитува...