Бенфика тргнува по Елиф Елмас

Португалскиот гигант Бенфика е сериозно заинтересиран за ангажман на Елиф Елмас, преговорите со Наполи ќе почнат наскоро и лесно може да се случи Елмас веќе во јануарскиот преоден рок да си замине од таборот на „наполитанците“.

Медиумите во Португалија најавуваат дека тренерот Жесус ќе добие буџет за засилувања во јануари, а приоритет ќе биде токму ангажманот на Елмас. Во македонскиот „дијамант“ во Бенфика гледаат како на извонредна опција, играч кој може да игра во средниот ред, но и во напаѓачкото трио, воедно и ас чија цена може да расте низ годините и да биде продаден за богатство во иднина.

Првичната понуда ќе биде за позајмица на шест месеци со можност за откуп на крајот на годинава, па интересно ќе биде да се види како ќе одговори Наполи. Елмас неодамна потпиша нов договор со „наполитанците“, но македонскиот репрезентативец добива минимална минутажа на последните натпревари од тренерот Џенаро Гатузо.

Се вчитува...