Бенфика заглавена во корупција, и се заканува исфрлање од сите купови

Португалскиот гигант Бенфика може да биде исклучен од сите натпреварувања вклучувајќи ги и настапите во европските купови. Култниот португалски клуб е осомничен за корупција и може да добие тригодишна суспензија.

Обвинителството во Лисабон смета дека клубот се обидува да добие информации за текот на истрагата. Бенфика е обвинета за 30 прекршувања  на законот, вклучително и корушција, административни неправилности и лажирани податоци.

Според португалските медиуми, случајот против Бенфика може да трае и со години поради бавната рабита на португалскиот судски систем.

Претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виеира ги убедува фановите дека клубот ќе се бори да ја докаже својата невиност.

Обвинението не влијае на нашата увереност дека сме делувале апсолутно законски. Нема докази дека Бенфика учествувала во овие престапи“ – изјави претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виеира.

Обвиненијата најмногу ќе го погодат фудбалскиот клуб, но последици сигурно ќе има и во другите секции на Бенфика. Дел од португалскиот бренд е и ракометниот клуб за кој од ова лето настапува македонскиот голман Борко Ристовски.

Се вчитува...