Бенјамин Демир потпишува за Работнички

Македонскиот младински репрезентативец Бенјамин Демир е пред договор со екипата на Работнички. Демир денеска го одработи и првиот тренинг со „романтичарите“ на стартот од зимските подготовките во очекување на официјалниот потпис за настап во пролетниот дел од шампионатот.

20-годишниот Демир, кој игра на крилните офанзивни позиции, изминатава полусезона беше дел од екипата на Пелистер, а претходно во својата кариера има настапи и за Еуромилк ГЛ и Тетекс. Во сезоната 2014/2015 беше дел и од хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ.

Според нашите информации, останува уште прецизирање на деталите со раководството на Работнички пред да следи и официјалната објава на првиот зимски трансфер на „романтичарите“.

fk rabotnicki trening

Работнички денеска, поради ниските температури во главниот град, првиот зимски тренинг го одработи во салата на воените игралишта во Градскиот парк.

 

Се вчитува...