Англискиот првак Манчестер сити објави дека дефанзивецот Бенжамин Менди е успешно опериран во клиника во Барселона. Тој имаше проблеми со левото колено и мораше да замине ’под нож’. Клубот не објави колку ќе треба да паузира левиот бек до неговото враќање на фудбалските терени.
Французинот беше дел од дербито против Манчестер јунајтед во Премиер – лигата, а потоа беше утврдена повреда на коленото која мораше да се санира по хируршки пат.
Менди претходно имаше и операција на вкрстените лигаменти и паузираше од септември 2017 година се до април оваа година кога се врати на теренот. Но, сега повторно мораше да замине на операција.
„Левото колено беше љубоморно на десното по првата операција. Се мина во најдобар ред, наскоро ќе се вратам, но ќе треба да најдете нов капитен за „Фантази“ во следниот период“ – се пошегува Менди во својот прв пост на социјалните мрежи по хируршкиот зафат врз него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА