Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур е обвинет од ФА на Англија за коментари за соиграчот Хонг-мин Сон.
Бентанкур во ТВ емисија во Уругвај изјави дека „Сон и неговите роднини изгледаат исто“. Тој подоцна се извини на својот колега преку социјалните мрежи.
„Сон, брат! Жал ми е за се што се случи, тоа беше невкусна шега. Знаеш дека те сакам и никогаш не би покажал непочитување кон тебе или никого. Те сакам брат “, напиша Бентанкур.
После тоа, Тотенхем даде куса изјава.
„ Ние сме исклучително горди на нашата разновидна, глобална база на навивачи и играчи. Дискриминацијата од секаков вид нема место во нашиот клуб, и на теренот и во нашата заедница“, велат од лондонскиот клуб.
Сепак, ФА одлучи да го обвини Бетанкур и покрај тоа што му се извини на неговиот соиграч.
„Родриго Бентанкур е обвинет за кршење на членот Е3 од регулативите на ФА во врска со интервјуата. Поконкретно, играчот од средниот ред на Тотенхем го прекршил правилото Е3.1 кое се однесува на недолично однесување, користење навредлив јазик и омаловажување на играта. Ова е „сериозна прекршок“, кој го дефинира правилото Е3.2, кое се однесува на споменување на националност, раса или етничко потекло “, се вели во соопштението на ФА Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА