„Бентнер беше поголем талент од Хојлунд“

Првиот тренер на данскиот фудбалер Расмус Хјолунд, го спореди играчот со легендарниот напаѓач Никлас Бентнер. Кристијан Муру му бил прв тренер на Хјолунд.

Бентнер веќе четири години е во фудбалска пензија, а Хјолунд пред неколку недели потпиша за Манчестер Јунајтед. И поранешниот дански фудбалер играше во Премиерлигата, во дресот на Арсенал.

„Може да се направи добра споредба на Хјолунд со Бентнер. И двајцата физички се многу силни и имаат жар во очите. Двајцата се со смисла за хумор и многу дружељубиви. Бентнер беше поталентиран. Расмус е сосема поинаков. Тој е дисцилиниран. Напорната работа го донесе таму каде што е“, рече Муру.

Се вчитува...