Освојувачот на Златната топка, Карим Бензема ги кажа своите очекувања од престојниот Мундијал во Катар. Напаѓачот на Франција ги кажа своите фаворити за освојувње на големиот трофеј.
Според Бензема, фаворити за трофејот се неговата Франција, Бразил, Аргентина и Шпанија.
„Бразил со Винисиус и Родриго се фаворити, исто како и Аргентина, Шпанија и се разбира Франција“, изјави напаѓачот на Реал Мадрид.
Франција на 22. ноември ќе го одигра првиот меч против Австралија, а потоа на 26-ти со Данска, и на 30-ти ноември со Тунис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА