Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема не откри дали останува или заминува од таборот на „кралевите“ во интервју за „Марка“ вечерва.
Тој кажа дека е горд на својата кариера, и дека му се исполнил сонот од детство еден ден да игра во дресот на Реал Мадрид и да освојува трофеи.
„Зошто да зборувам за мојата иднина, јас сум во Мадрид. Тоа што го читате е интернет, а реалноста не е на интернет. Дали останувам или заминувам? Јас сум тука, имаме натпревар во сабота“, рече Бензема.
Според она што може да се „прочита меѓу редови“, голема е веројатноста Французинот да остане дел од „кралевите“.
„Знам колку навивачите на Реал ме сакаат. Тоа ми значи многу. Јас го давам најдоброто секогаш за нив, секогаш. Секогаш велам дека играме со 11 играчи на теренот, но исто така и со клучниот фактор – навивачите“, кажа Бензема и додаде:
„Која е мојата порака до навивачите? Еден, два, три… хала Мадрид“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

