Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Карим Бензема и во следните две години ќе биде дел од Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. „Кралскиот клуб“ сака да го задржи Французинот во своите редови, а продолжување на договор е желба и на 33-годишникот.
За иднината на Бензема долго време се шпекулираше во јавноста. Многумина го гледаа и францускиот репрезентативец на излезните врати на „Сантијаго Бернабеу“ во целосна реконструкција на тимот по заминувањата за Серхо Рамос и Рафаел Варан, меѓутоа добрата форма на напаѓачот ќе му донесе продолжување на соработката.
Бензема е дел од Реал Мадрид од 2009 година кога пристигна од редовите на Лион. За мадридскиот клуб одигра 559 натпревари и постигна 279 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА