Карим Бензема е максимално подготвен за утрешниот дуел од Лигата на Шампионите против Ливерпул, откако ги надмина проблемите со повредата поради која не настапи на саботниот меч со Еспањол.
Постоеја стравувања дека најдобриот напаѓач на Реал ќе го пропушти и утрешниот дуел со „црвените“, но Бензема ќе биде во можност да ги предводи „кралевите“ на овој натпревар.
„Бензема е 100% фит. Тој дефинитивно ќе игра против Ливерпул“, потврди денеска Карло Анчелоти.
Ова е сериозен проблем за Јирген Клоп, ако се знае дека Ливерпул е еден од омилените „пациенти“ на францускиот голгетер. Конкретно, Бензема има одиграно на седум натпревари против Ливерпул, притоа постигнувајќи шест погодоци и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

