Реал Мадрид има убедлива предност од 4-0 по првите 45 минути игра на дуелот со Валјадолид, меч што минува во знакот на фантастичниот Карим Бензема, кој постигна хет-трик за едно полувреме.
Поточно, на Бензема му беа потребни сeдум минути за три пати да го матира гостинскиот голман, за воодушевување на домашните фанови на „Сантијаго Бернабеу“.
Французинот серијата погодоци ја отвори со прецизен удар во 29. минута со погодокот за 2-0, нешто подоцна со удар надвор од шеснаесетникот успеа да зголеми на 3-0, а третиот гол за Бензема, вкупно четврти за Реал, беше мало ремек-дело бидејќи со ножички ја смести топката во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

