„Бензема е магаре. Никој не го сака и затоа никогаш повеќе нема да игра за Франција“

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грат му порача на Карим Бензема дека вратата во репрезентацијата му е затворена и за него нема враќање во националниот дрес.

Бензема во моментов е најдобар стрелец во Ла Лига со девет гола, во анкетата на „Л’Екип“ дури 68% од читателите гласале дека треба да се врати во репрезентацијата. Бензема е во немилост од познатиот скандал со видеоснимки со сексуална содржина на соиграчот Валбуена. Бензема го уценуваше, а кога се дозна за тоа во јавноста беше исфрлен од репрезентацијата.

„Тој е магаре. Направи глупост, воопшто не размислуваше, а не е повеќе ниту омилен во репрезентацијата. Тој е одличен фудбалер и фудбалските квалитети воопшто не се во прашање. Но, за Франција повеќе нема да игра“  – вели Ле Грат.

Претходно, Карим Бензема за Франција одигра 81 натпревари постигнувајќи и 27 погодоци.

Се вчитува...