Бензема фаворит број 1 за „Златната топка“

Карим Бензема е во пол-позиција за освојување на „Златната топка“ за 2022 година. Последното ажурирање на листата на врвот ги изби фудбалерите на финалистите во Лигата на шампионите.

Листата ја предводи францускиот напаѓач кој е главен виновник за одличната сезона на „кралевите“ во која ја освоија титулата во Ла лига на убедлив начин, а се наоѓаат и во финалето на Лигата на шампионите, откако на патот кон него ги елиминираа ПСЖ, Челси и Манчестер сити.

На втората позиција на најновата листа е напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, а на третото место е неговиот соиграч Мохамед Салах.

Во топ 10 уште се наоѓаат и: Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Кевин де Брујне, Вини џр, Лука Модриќ, Фил Фоуден и Трент Александер Арнолд.

Се вчитува...