Бензема ја напушта Саудиска Арабија и се враќа дома

Напаѓачот на Ал Итихад Карим Бензема, би можел да се врати во Европа и повторно да биде дел од Лион. Неговиот некогашен клуб пројавува интерес за негов ангажман, а клубот се надева дека ќе успее да го убеди напаѓачот да се врати во клубот на крајот од сезонат.

Во летниот преоден рок Бензема од Реал Мадрид замина во Саудиска Арабија. Оваа сезона има 12 гола и 5 асистенции во 20 меча. Договорот е до 2026 година, а прашање е дали ќе ја прифати понудата на својот Лион, со оглед дека во Ал Итихад заработува многу повеќе од што му нуди Лион.

Бензема на 30 декември ја напуштил Џеда поради повреда на стопалото. Медиумите шпекулираат дека се скрал со навивачите, и затоа си заминал од земјата, што подоцна беше демантирано.

Французинот беше дел од Лион цели 12 години. Најпрво во младинсктие категории од 1997 до 2004, а потоа и во првито тим на Лион до 2009 од каде замина во Реал Мадрид. Во Мадрид се задржа 14 години, и стана легенда на овој тим, а во 2023 година изненадувачки објави дека се сели во Саудиска Арабија.

Се вчитува...