Реал Мадрид ја освои петнаесеттата титула во Лигата на Шампионите откако во големото финале одиграно на „Вембли“ славеше со 2-0 против Борусија Дортмунд. Еден од оние кои ја затресоа мрежата беше и 23-годишниот Бразилец, Винисиус Џуниор за кој е нова одлична сезона.
„Кралскиот“ напаѓач оваа сезона постигна 24 голови и забележаа 11 асистенции на 39 одиграни натпревари со што е еден од фаворитите за освојување на престижната награда „Златна топка“.
Тоа мислење го дели и поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и самиот освојувач на наградата, Карим Бензема кој на социјалните мрежи сподели слика од Вини Џуниор со напис „Златна топка“.
Францускиот и бразилскиот напаѓач ја делеа соблекувалната од 2018 до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

