Францускиот репрезентативец Карим Бензема стана третиот најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид. Французинот ги постигна двата гола за Реал синоќа во победата над Селта (2-1) во натпреварот од 30. коло на Примера дивизион и стана третиот стрелец во историјата на клубот по голови во Ла Лига.
34-годишниот фудбалер стигна до бројката од 216 гола за Реал Мадрид во Ла Лига, со што стигна до третото место во историјата на клубот, израмнувајќи се со легендарниот Аргентинец Алфредо ди Стефано.
Двата гола во Виго, Бензема ги постигна од пенал, а можеше да биде осамен на третото место на вечната листа на стрелци на Реал доколку уште еднаш беше прецизен од белата точка во 64. минута. Тој трипати шутираше против голманот на Селта, Дитур, а двапати беше прецизен.
Рекордер по бројот на голови за Реал Мадрид во Примера е португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо со 312 гола. Второто место го зазема поранешниот шпански репрезентативец Раул Гонзалес со 228 голови.
🤯 @Benzema iguala a Di Stéfano como nuestro 3⃣er máximo goleador del Real Madrid en @LaLiga…
👌 ¡216 G⚽LES! #RealFootball pic.twitter.com/vVcFOpXwU9— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

