Реал Мадрид го совлада Еибар со 2-1, откако направи пресврт во второто полувреме. Гостите поведоа со голот на Марк Кардона во 39.минута, а во вториот дел се разигра Карим Бензема. Французинот беше стрелец на двата гола за „кралскиот клуб“.
Бензема успеа да израмни во 59.минута, а десет минути пред крајот го постигна и победничкиот погодок: До крајот, напаѓачот промаши речиси празен гол, а ја погоди и стативата.
По овој триумф, Реал Мадрид се наоѓа на третата позиција со 60 бода, два помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид и десет помалку од лидерот Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА