Бензема не продолжува со Ал Итихад, следува враќање во матичниот клуб

Францускиот голгетер Карим Бензема нема да го продолжи договорот со саудискиот клуб Ал-Итихад. Тој ќе ја напушти екипата како слободен агент на крајот на сезоната, и веројатно ќе се врати во Европа.

Според последните најави, Бензема би немал ништо против одново да го облече дресот на Лион, и таму да ја заврши кариерата. Бензема во минатото се етаблираше како еден од најдобрите играчи на францускиот клуб, пред да замине во Реал Мадрид каде што стана еден од најтрофејните играчи на „кралевите“.

37-годишниот Бензема има договор со Ал-Итихад до крајот на сезоната, но засега нема индиции дека истиот ќе го продолжи, по што по завршувањето на сезоната може да следува враќање во својот роден град и својот матичен клуб.

Се вчитува...