„Бензема никогаш нема да го достигне Роналдо“

Поранешниот португалски репрезентативец и екс член на Реал Мадрид Фабио Коентрао кажа дека Карим Бензема нема да ги повтори бројките на Кристијано Роналдо во таборот на „кралевите“.

Коентрао смета дека Роналдо е ниво погоре од Бензема, и дека Французинот не може да го стигне ниту во голови, ниту во асистенции.

„Роналдо е добар во се, и во голови и во асистенции. Бензема никогаш нема да го достигне она што Роналдо го направи во Реал Мадрид. Го сакам Карим, тој е многу добар, но нивото на Кристијано е повисоко. Бензема никогаш нема да биде таков. Роналдо има повеќе голови од натпревари, тоа е лудо“, рече поранешниот соиграч на Роналдо  во Реал и во Португалија.

Роналдо постигна 450 голови на 438 меча за „кралевите“.

Се вчитува...