Карим Бензема после 14 години си замина од Реал Мадрид, и се пресели во Ал Итихад во Саудиска Арабија. Иако неколку дена пред да замине кажа дека нема потреба да се збогува од навиачите и дека и натаму е дел од Реал, сепак, подоцна објави дека заминува и ја прифаќа понудата од Саудијците.
Иако кажа дека никогаш нема да го заборави Реал Мадрид, сепак, разделбата не била идеална. Односно разделбата со соиграчите. Според зборовите на поранешниот соиграч Начо, тој на многу лош начин се збогувал од соблекувалната.
„Што кажа кога заминуваше? Ништо. Можеби беше таков затоа што сето тоа се „тегнеше“ до крај. Исто така тој е затворена личност. Карим го познавам долго. Тој лично никому не кажа ништо. Клубот само објави дека се сели во Саудиска Арабија, и тогаш сите дознаа. До тогаш никој ништо не знаеше“, рече Начо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

