Францускиот интернационалец Карим Бензема ќе остане во Реал Мадрид до 2021 година. Раководството на „кралевите“ е во финални преговори со агентот на напаѓачот за продолжување на соработката и потписот на Бензема се очекува до крајот на сезоната. Тој има актуелен договор до 2019 година, но ќе го продолжи за дополнителни две сезони, а ќе добие и зголемување на годишната плата на 10 милиони евра.
Шпанските медиуми информираат дека клучна улога одиграл Кристијано Роналдо, кој побарал Бензема да остане на „Сантијаго Бернабеу“, затоа што со него одлично се согласува во навалната линија.
За осум сезони во дресот на Реал Мадрид, Карим Бензема потпиша 173 гола, а оваа сезона е стрелец на 12 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА