Пари Сен Жермен напаѓа, па најдобрите европски клубови ќе се обидат да се заштитат на поинаков начин. Реал Мадрид ги договори сите детали за продолжување на договорот со Карим Бензема до 2021 година, а отштетната клаузула ќе изнесува фантастични една милијарда евра.
Досега единствено Кристијано Роналдо и Рикардо Кака имале вакви клаузули во договорите со „кралскиот клуб“. Иско Аларкон се очекува да добие отштетна клаузула од 700 милиони евра, кога ќе го потпише и официјално договорот за продолжување на соработката.
Потписот на договорот со Бензема се очекува до крајот на овој месец, додека Французинот е во „аут“ поради повредата заработена на дуелот со Леванте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА