Веќе нема никакви дилеми, Карим Бензема ќе продолжи да настапува во шампионатот на Саудиска Арабија, но тоа нема да биде во дресот на Ал Итихад откако Французинот влезе во војна со сегашниот клуб по неуспешните преговори за нов договор.
Бензема беше бесен откако Ал Итихад му понуди само да ги задржи парите од имиџ-правата без притоа да му даде дополнителна плата, по што испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да настапува за овој клуб. Како опции се споменуваа неколку екипи од Европа, но тој на крајот реши да остане во Саудиска Арабија и да се пресели во Ал Итихад.
Актуелниот шампион на оваа земја експресно се вклучи во трката по екс-голгетерот на Реал Мадрид. Веќе на првиот состанок беше постигнат целосен договор околу личните услови, Бензема ќе потпише договор на 18 месеци со Ал Хилал, а останува уште клубовите да ги договорат деталите од трансферот, што според информациите од Саудиска Арабија нема да претставува никаков проблем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

