Бензема откри зошто замина во Саудиска Арабија

Францускиот фудбалер Карим Бензема е само еден во низата фудбалери кои очигледно имаат проблем јасно и гласно да кажат дека за пари заминале во Саудиска Арабија.

Во интервју за француските медиуми, тој изјави дека по долги години во Реал Мадрим потребна му е промена и затоа решил да замине во Саудиска Арабија.

„Што ме натера да дојдам овде? Пред се, фактот што можев да искусам се со Реал, па сфатив дека сепак ми треба промена. Сакав уште еден предизвик. Што се однесува до Саудиска Арабија, таму сакав. Бев решен да заминам таму уште пред да ја добијам понудата. Се појави тој проект, кој насекаде почна да зема замав, а јас тогаш си реков: тоа е тоа, сакам да бидам дел од сето тоа и да придонесам за развојот на фудбалот во Саудиска Арабија. Тоа е главната причина што отидов таму“, изјави Бензема. 

Се вчитува...