Карим Бензема требаше да биде големо засилување за Ал Итихад и играч што дополнително ќе го крене имиџот на лигата во Саудиска Арабија. За жал, се случи сосема спротивното, па така поранешниот ас на Реал Мадрид се претвори во мега-проблем за саудиските милијардери.
Газдите на Ал Итихад застанаа на страната на фудбалерот по конфликтот со претходниот тренер, но откако Бензема продолжи да лудува и со новиот кормилар Марсело Галјардо веќе стана очигледно каде е проблемот. Голгетерот доцнеше со денови на подготовките, за што мораше да тренира сам по пристигнувањето во Саудиска АРабија, а проблемите продолжиле и во текот на денешниот ден, по новата караница меѓу Бензема и Галјардо.
Аргентинскиот стручњак не бил задоволен од залагањето на Французинот, јасно ставајќи му го тоа до знаење и испраќајќи го да тренира сам на помошниот терен. Бензема категорично одбил и го напуштил тренингот, упатувајќи се кон својот дом, однос со кој го разбеснил тренерот, но и соиграчите на кои им е преку глава од себичниот однос на некогашната ѕвезда на Реал Мадрид.
Бензема минатиот месец инсистираше да му биде дозволено да замине на позајмица назад во Европа, но газдите кои му плаќаат богатство како плата категорично одбија тој да ја напушти Саудиска Арабија. Како план Б му беше понудено да замине во друг клуб во оваа земја, Бензема ја отфрли таа можност, а денеска повторно се најде во центарот на вниманието со непрофесионализмот, наместо со своето фудбалско знаење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

