Бензема по девет години откри тајна за него и Роналдо: „Луѓето тоа не го знаеја…“

Кристијано Роналдо и Карим Бензема од оваа сезона повторно ќе играат во иста лига, во Саудиска Арабија. И најдобрите моменти во кариерите и на двајцата секако се врзани со настапите за Реал Мадрид каде ја делеа соблекувалната од 2009 до 2018 година.

Првиот голем успех го запишаа во 2014 година кога во финалето од Лигата на шампионите по продолженија го победија Атлетико Мадрид со 4-1.

По цели девет години, Бензема се одлучи да прозбори за тоа финала кое тој и Роналдо го играле повредени.

„Тој натпревар беше навистина луд, затоа што Роналдо, Бејл и јас бевме повредени. Роналдо и јас имавме повреди на адукторот, бевме на 50% и ни препорачуваа да не играме. Но, навистина горевме од желба да игра затоа што тоа беше наше прво финале во Лигата на шампионите со Реал, и не прифаќавме никакво неиграње. Со адреналин не чувствувате и болка па на крај дојдовме и до трофејот“ – открива Бензема.

Беше тоа прва од четирите титули во Лигата на шампионите кои Роналдо и Бензема ги освоија со „кралскиот клуб“.

Се вчитува...